За љубителите на кафето, ова е идеален колач кој ќе го надополни вашето уживање.
Потребни состојки:
- 500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 150 мл масло за јадење
- 4 јајца
- 300 гр шеќер
- 150 мл млеко
- 25 гр какао
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- рендана кора од лимон
Начин на подготовка:
- Со миксер на поголема брзина се матат шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцата додека не се добие пенеста маса.
- Потоа при постојано матење се додаваат млекото, маслото за јадење и кората од лимон.
- На крај постапно се додаваат брашното и прашокот за печиво, матејќи со бавна брзина.
- Од добиената смеса се двои една третина во која се додава какаото. Смесата се поминува на неколку места со виљушка за да се постигне шареност на колачот.
- Се пече 1 час на температура од 180°С. Се украсува по желба.
Уживајте во денот!