Супер комбинација со фудбал и пиво. Овој рецепт на Мартина ќе му даде многу повеќе смисла и страст на заедничкото навивање за омилениот тим 🙂
Состојки:
- 1 пакетче шпагети
- 150 гр кашкавал (рендан)
- 200 гр чадена сланина, пршута или кулен (ситно сечкани)
- 1-2 млади кромитчиња за декорација
Состојки за бешамел сос:
- 4 лажици брашно
- 4 лажици путер
- 3 шолји млеко
- лук во прав
- сол
- црн пипер
Начин на готвење:
- Сварете ги шпагетите, но внимавајте да не се преварени.
- Во друг подлабок сад подгответе го бешамел сосот.
- Прво ставете го путерот да се растопи, потоа постепено додавајте го брашното, па млекото и постојано мешајте со жица.
- Додека сосот се згуснува, зачинете со сол, црн пипер и лук во прав по желба.
- Во садот со готовиот сос ставете ги шпагетите, кашкавалот и сувомесниот производ. Промешајте додека сѐ убаво не се соедини.
- Сервирајте во чинии и декорирајте со крукчиња од младиот кромид. На здравје!
СОВЕТ: Доколку сакате погуст бешамел сос – додадете брашно, или пак, доколку сакате сосот да е поредок – додадете повеќе млеко.
На здравје!
Прочитај поврзани рецепти:
Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат
Каков добар рецепт – Домашен крцкав чипс (видео)
Највкусни и брзи интегрални грисини