Земјените тава им даваат некој специфичен вкус на домашните јадења, вели Биљана чиј рецепт е овој.
Тоа е тој вкус, односно специфика како што се јадењата под сач/вршник, пицата испечена во фурна на дрва, скарата направена на жар… 🙂
Состојки:
- 1 кг компири
- 800 гр мелено месо
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 2 домати или 200 мл доматно пире
- магдонос
- зачини
- масло за јадење
- 300 мл млака вода
Начин на готвење:
- Компирите ги лупиме и сецкаме на кругови.
- На загреано масло во тава го додаваме ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога кромидот ќе биде добро пропржен го додаваме меленото месо и зачинуваме по вкус.
- Откако кратко ќе се пропржи месото го додаваме ренданиот морков и ренданите домати или доматно пире. Го ставаме и ситно сецканиот магдонос и пржиме уште кратко.
- Во тава за печење ставаме масло за готвење. Редиме еден ред од компирите на кругови.
- Врз компирите додаваме една половина од смесата со месо.
- Редиме втор ред компири, па ја додаваме другата половина од смесата.
- На крај завршуваме со уште еден ред компири.
- Најодозгора додаваме малку доматно пире и млака вода. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 1 час.
На здравје!
Прочитајте поврзани рецепти: