Ако нас нè прашувате, шлагот од јагоди е вистински пролетен десерт. Дочекајте ја подготвени сезоната на јагоди со овој вкусен и многу брз рецепт 🙂
Состојки:
- 2 шолји јагоди
- 2 шолји шеќер
- 3 белки
Начин на подготовка:
- Во сад за матење ставете ги прво јагодите, потоа шеќерот и на крај белките.
- Матете со миксер 10 минути. Најпрво со мала и постепено до најголема брзина
- СОВЕТ: Ќе ви останат 3 жолчки. Ставете ги во сад за матење и додадете 3 лажици шеќер. Секоја порција шлаг од јагоди која ќе ја послужувате полијте ја со добиената смеса.
Прочитајте повеќе рецепти:
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Повеќе Gotvi.mk рецепти за десерти