Одличен специјалитет кој никого нема да остави рамнодушен. Ако ги направите кога ќе ви дојдат гости, со сигурност ќе ви го побараат рецептот 🙂
Состојки за палачинки:
- 250 гр брашно
- 100 мл млеко
- 400 мл вода
- 5 лажици масло
- сол
- масло за готвење
Од состојките со мешање направете смеса за палачинки. Испечете ги во тавче, секоја со малку масло за готвење.
Состојки за филот:
- шунка
- сланина
- кулен
- печеница
- кашкавал
- павлака
Начин на готвење:
- Сувомеснатите производи исецкајте ги на коцки. Пропржете ги кратко во тавче со малку масло за готвење.
- Во меѓувреме изрендајте го кашкавалот и ставете го во посебен сад.
- Секоја палачинка откако ќе ја извадите од тавчето додека е врела посипете ја по целата површина со рендан кашкавал и мешавината од четирите сувомесни производи.
- Свиткајте ја како на фотографијата. Истата процедура ја повторувате за секоја палачинка.
- Сите полнети палачинки ставете ги во сад за печење. Одозгора нанесете од ренданиот кашкавал.
- Ставете ги да се печат во загреана рерна додека да се стопи кашкавалот.
- Извадете ги од рерната и врз секоја палачинка нанесете малку кисела павлака.
- Сервирајте ги во посебен сад. Ние употребивме сувомесни производи од Пекабеско и павлака Пекабела.
Прочитај поврзани рецепти:
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт