СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

Во сад се приготвува маринада од сол или вегета, сок од лимон (по избор), исецкан лук, магдонос, маслиновото масло и по желба сенф и буковец. Со ова се премачкуваат парчињата месо приготвени за печење.

Доколку печете кремендли, бут или стек исчукајте го добро месото, па потоа маринирајте.

Парчињата месо оставете ги во фрижидер да отстојат во маринадата 3-4 часа. Најдобро сето ова да го приготвите од изутрина за да биде подготвено за печење за ручек. Потоа се ставаат на решетка за печење и на посилен оган на скара на ќумур се печат.

Додека се печат, по малку се полеваат со остатокот од маранидата. Потребно време за печење на скара на жар е околу 20-30 минути.

Прочитајте и:

9 совети за вкусна и сочна скара

Зеленчук на скара

Биено сирење на скара

Како да зготвите вкусна ципура на жар

Отворена првата веге месарница