За оние што го сакаат чоколадниот вкус, ова е еден од највкусните колачи. Gotvi.mk рецепт како да приготвите топло – ладен колач во домашни услови.
Состојки:
- 100 гр брашно
- 5 јајца
- 200 гр чоколадо за готвење
- 5 лажици шеќер
- 60 гр маргарин
- топка сладолед
Начин на готвење:
- Во метален сад ставете чоколадо и маргарин да се топат на тивок оган и мешајте постојано.
- Откако содржината во садот ќе се растопи, спои во една смеса се трга и се остава да се излади.
- Во сад со миксер убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Смесата со чоколадото сипете ја во садот со јајцата, а потоа состојките промешајте ги со жица за матење.
- Постепено се додава брашното и постојано се меша. Во садот треба да добиете густа чоколадна смеса.
- Пред да ја ставите смесата во калапите потребо е да се измачкаат со маргарин и да се оросат со брашно пред да се стави смесата во нив.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени максимум 10 минути. Сервирајте го во чинија додека е топло, а сервирајте со топка сладолед по ваш вкус.
Повеќе рецепти за превкусни десерти тука
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Рецепт за домашни ледени коцки – десерт кој не се пропушта
На здравје!