Мусака на коцки

Мусака на коцки

Оваа мусака е специјалитет на Лилјана и навистина е превкусна. Направете ја и ќе имате одличен ручек за цело семејство. Еве како:

Состојки:

  • 1 килограм компири
  • 500 гр говедско или мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 моркова
  • масло за готвење
  • зачини по вкус

Состојки:

  1. Компирите ги лупиме и ги сечкаме на ситни коцки.
  2. Во загреана тава на оган го додаваме ситно сечканиот кромид да се пржи на загреано масло. Откако кромидот убаво ќе се пропржи му се додаваат меленото месо и зачините по вкус (сол, зачинал и бибер). Месото убаво се пржи додека течноста не испари.
  3. Потоа во смесата се додаваат ситно сечканите компири и морковите сецкани на тркалца. Се меша и кратко се пропржува.
  4. Добиената смеса се претура во земјена тава и се остава да се пече на температура од 180 степени околу 45 минути.

Рецепт за ориентална мусака тука

Рецепт за мусака со печурки тука

Рецепт за мусака со карфиол и мисиркино месо тука

На здравје!

singlepost_text