Лепчиња со авокадо и сирење – фантастична ужинка за деца

Лепчиња со авокадо и сирење – фантастична ужинка за деца

Тина вели дека оваа ужинка често им ја подготвува на своите 2годишни деца затоа што е многу здрава и вкусна, а се прави буквално за 5 минути. Еве како:

Состојки:

  • тост лепчиња
  • 1 авокадо
  • 2-3 лажици јогурт
  • 1 парче сирење

Начин на готвење:

  1. Авокадото се пасира во сад додека да се добие смеса без грутчиња.
  2. Го додаваме јогуртот и промешуваме.
  3. На крај го додаваме парчето сирење кое е претходно испасирано или изрендано.
  4. Сè убаво се меша и се мачка на лепчињата.

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

Детски роденден? Прочитајте брз и вкусен рецепт за мини пици

1ви Април е дефинитивно ден посветен на нашите најмили. Уживајте и добар апетит 🙂