Сирење во фурна

Сирење во фурна

За сите кои не можат да го замислат својот оброк без сирење или друг млечен производ, ова е идеален рецепт 🙂

Состојки:

  • 100 гр фета сирење
  • 100 гр гауда кашкавал
  • 100 гр овчо сирење
  • 100 гр кулен/печеница/сланина
  • 1 домат
  • 1 пиперка
  • 1 лажица путер
  • 1 голема лажица павлака
  • 20 мл доматно пире
  • свежи печурки (шампињони)
  • зачини по избор

Начин на готвење:

  1. Сè се сече на коцки и во претходно премачкано со путер или масло за готвење глинено тавче се реди по следниот редослед: доматен сос, домат, фета сирење, пиперка, сувомеснатите производи, печурки, сирење, павлака и на крај гаудата за да се запече. Ние употребивме печеница и кулен на Пекабеско.
  2. Се додаваат зачините и  путерот најодозгора и се пече 15 мин во претходно загреана рерна на температура од 200 степени.
  3. Украсете со малку свеж магдонос по вкус.

Прочитајте поврзани рецепти:

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Рецепт за Бујурди – топено сирење тука

Рецепт за топено сирење со сланина тука

Повеќе рецепти кои содржат сирење тука

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

На здравје!