За сите кои постат, се хранат вегетаријански или не сакаат да внесуваат многу шеќери – Gotvi.mk рецепт за брз колач со јаболка. Навистина едноставно се приготвува 🙂
Состојки:
- 5 јаболка
- 15 лажици зејтин
- 15 лажици гриз
- 15 лажици вода
- 12 лажици брашно
- 150 гр мелени ореви
- 1 ванила
- 1 мало лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче цимет
- 2 шољи вода (за преливот)
- 1 шоља шеќер (за преливот)
Начин на готвење:
- Во длабок сад ги рендаме јаболката.
- Во истиот сад ги додаваме зејтинот, гризот, брашното, 100 гр од мелените ореви, сода бикарбона, циметот и ванилата. Сè убаво се меша додека не се изедначи смесата.
- Смесата се става да се пече во претходно подмачкано и набрашнето тавче бр. 32. Се пече 30 минути на температура од 180 степени. Готовиот колач се вади од рерна и се остава целосно да се излади.
- Во тенџере на оган се ставаат водата и шеќерот да зовријат и потоа со нив се прелева целосно оладениот колач.
- Најодозгора врз колачот наросуваме 50 гр ситно сецкани ореви.
Рецепт за превкусно домашно трилече тука
Рецепт за штрудла со јаболка тука
Видео рецепт за мафин рози со јаболка тука
Навистина превкусно. На здравје!