Италијанско предјадење за цело семејство

Италијанско предјадење за цело семејство

Моцарела со песто сос – превкусна комбинација. Прочитајте како да зготвите брз и неодолив песто сос, а моцарелата ќе си ја купите од најблискиот маркет или локална продавница 🙂

Состојки:

  • 1 пакување моцарела топчиња
  • 2-4 шолји свеж босилек (како замена може и спанаќ)
  • 2-3 чешниња лук
  • 50 гр ореви или индиски ореви
  • 1/2 шолја пармезан
  • 150 мл маслиново масло
  • сол и црн пипер по желба

Начин на готвење:

  1. Босилекот или спанаќот убаво се мие и се става во блендер заедно со оревите и половина од маслиновото масло.
  2. Се блендира неколку секунди додека не добиете кашаста смеса.
  3. Во сосот се додаваат истолчениот лук, останатиот дел од маслиновото масло и пармезанот. Добивате песто сос.
  4. Моцарела топчињата го вадите од пакувањето и ги цедите.
  5. Ставете ги на сад за сервирање. Сервирајте како на фотографијата.

Предлог: Доколку ви остане од песто сос, намачкајте го на тост лепче или паг сварете тестенини. Еве предлог рецепт да зготвите Тестенини во песто сос 🙂

Повеќе рецепти со тестенини прочитајте тука

Рецепт за „Mac and Cheese“ како домашен специјалитет тука

На здравје!

singlepost_text