Динстано телешко со печурки

Динстано телешко со печурки

Меко, сочно и превкусно динстано месо. Прочитајте го овој рецепт и уживајте во готвењето.

Состојки:

  • 600 гр телешко месо
  • 1 поголема главица кромид
  • 1 -2 моркови
  • 1 свежа пиперка
  • печурки
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Месото исечете го на поголеми парчиња (како на фотографијата) и ставете ги исецканите моркови, кромидот, пиперката, лажичка црвен пипер, додадете сол, мелен црн пипер и ловоров лист.
  2. Доколку има потреба додадете лажичка брашно.
  3. Додадете ги и печурките и варете на тивок оган додека да се свари месото.
  4. Ставете го месото со сите состојки во тава за печење. Печете на температура од 200 степени додека месото не фати печена кора и румена боја.
  5. Извадете го месото и сервирајте го со печурките и сосот/водата од тенџерето.

Повеќе рецепти со телешко месо тука

Рецепт за телешка чорба со домашно лепче тука

Повеќе рецепти со печурки тука

Превкусно 🙂 Имајте добар апетит!

singlepost_text