Хељдата е семе кое не содржи глутен, а е одлично за вита линија и намалување на холестеролот. Еве како да приготвите вкусна проја со брашно од хељда по рецепт на Леа:
Состојки:
- 300 гр пченкарно брашно
- 200 гр брашно од хељда
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- сол
- 2 шолји јогурт или кисело млеко
- сирење
- младо кромидче
Начин на готвење:
- Сувите и течните состојки се мешаат одвоено, а потоа се соединуваат во поголем сад.
- Тестото се става во сад за печење.
- Одозгора се посипува со сусам.
- Се пече околу половина час на температура од 200 степени .
- Во зависност од вкусовите може да се збогати и со лук, босилок и семки, а може да додадете и сувомесни производи по вкус.
Рецепт за куглоф проја со спанаќ и семиња тука
Рецепт за проја со сирење и праз тука
СОВЕТ: Доколку сакате тестото да биде помеко додајте и малку млеко или вода.
На здравје!