Кој е за топли кифлички?

Кој е за топли кифлички?

Подгответе ги од денеска за радост кај најмалите 🙂

Состојки:

  • 1/2 литар млеко
  • 1 квасец
  • 2 лажички сол
  • 4 лажички шеќер
  • 150 мл масло за готвење
  • 1 – 1.3 кг брашно

Начин на готвење:

  1. Во млакото млеко ги додаваме квасецот, шеќерот и солта. Го оставаме квасецот да стаса.
  2. Во сад за месење го ставаме брашното, го додаваме стасаниот квасец и маслото за готвење.
  3. Замесуваме смеса додека не добиеме меко тесто. Тестото го оставаме да стаса.
  4. Стасаното тесто се дели на четири дела.
  5. Од секој дел се расукува тенка кора, се премачкува со маргарин и се сече на четири дела. Секоја четвртина се дели на уште четири дела.
  6. Од добиените четвртинки се прават кифли и се редат во плех за печење претходно премачкан со маргарин.
  7. Кифлите се остваат уште кратко време да стасаат па потоа се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со сусам.
  8. Се печат околу 20 минути на температура од 250 степени.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

singlepost_text