За сите љубители на разноврсните пити и тартови, Сања ни праќа превкусен рецепт за тарт од јаболка. Напоменуваме дека е многу брзо се прави, а секој ќе сака да го дознае рецептот кога ќе го проба првото парче 🙂
Состојки за тесто:
- 250 гр брашно
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр маргарин
- 2 јајца
- 1/2 прашок за пециво
- 2 лажици зејтин
Состојки за фил:
- 4 јаболки
- мармалад од сливи
- 100 гр исецкани ореви
- цимет по желба
Начин на готвење:
- Во длабок сад ги ставаме сите состојки за тестото и го замесуваме.Потоа го размесуваме во една поголема кора и го ставаме во тава за печење.
- Ја премачкуваме кората со мармалад и ги редиме излупените и исецкани на парчиња јаболки, попрскуваме со ореви и цимет.
- Печеме околу 25 минути на температура од 220 степени.
Повеќе рецепти за солени и благи пити
Рецепт за штрудла со јаболка тука
На здравје!