Колку знаат да бидат вкусни и неодоливи посните / вегетаријанските јадења 🙂 Овој рецепт за тестенини е одличен доказ за тоа. Задолжително направете ги и споделете го овој рецепт.
Состојки:
- 500 гр макарони
- 300 гр печурки
- 150 гр маслинки
- свеж босилек
- 200 гр брокула
- маргарин
- кечап
- кари
- сол
Начин на готвење:
- Во сад со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат околу 15-20 минути.
- Во меѓувреме во тава на малку маргарин ги пржиме печурките и исецканите маслинки на тркалца, Ги додаваме брокулата, босилекот и кечапот/доматен сос.
- Откако ќе се сварат макароните, им го додаваме приготвениот сос, промешуваме и ги сервираме со кари сос и друго по желба.
За повеќе посни и вкусни рецепти кликнете тука
Повеќе рецепти за тестенини тука
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини тука
Уживај во храната и готви со љубов 🙂