Печурките е потребно да бидат дел од нашата исхрана поради нивната нискокалорична вредност, но и поради тоа што се многу богати со витамини и минерали, како и фолна киселина. Еве го Gotvi.mk предлогот за денес:
Состојки:
- 500 гр печурки шампињони
- 100 гр сусам
- масло за готвење
- зачини
Начин на готвење:
- Измијте ги добро печурките и исецкајте ги на покрупни парчиња.
- Ставете ги во тава со малку масло за готвење и зачинете ги со сол и други зачини по вкус.
- Поклопете ги со капак и ставете ги 10 минути на среден оган додека да омекнат и да пуштат течност.
- Тргнете го капакот и пржете ги на посилен оган и често промешувајте.
- На крајот додадете сусам и пржете уште 5 минути, а по желба може и соја сос или ојстер сос.
За повеќе рецепти со печурки кликнете тука
Повеќе посни и вегетаријански рецепти тука
На здравје!