Почувствувајте го вкусот на Медитеранот во вашиот дом. Рецепт кој се приготвува брзо и лесно, а вкусот е неодолив. Прочитајте како да ги направите овие медитерански фусили.
Состојки:
- 200 гр спирални тестенини (фусили)
- 50 гр Ирко кашкавал
- 50 гр шунка
- 50 гр кулен
- 2 лажици маслиново масло
- 1 млад кромид исецкан на тркалца
- 2 чешниња лук ситно исечкан
- 5 шери домати исечени на половина
- 10 маслинки каламата исецкани на тркалца
- сол, бибер во зрна и рузмарин
- магдонос за декорација
Начин на готвење:
- Тестенините ги вариме според упатството на кесичката.
- Во меѓувреме на маслиново масло ги пропржуваме кромидот и лукот додека не омекнат.
- Зачинуваме со сол, бибер во зрна и рузмарин. По 5 минути ги додаваме шери доматите исецкани на половинки и маслинките исецкани на тркалца. Пропржуваме уште неколку минути и потоа ги додаваме сварените фусили.
- Мешаме убаво состојките да се соединат и динстаме уште 3-5 минути. Садот го тргаме од оган.
- Медитеранските фусили ги послужуваме во стаклена чинија додавајќи ги на средина шунката и куленот кои се претходно исецкани на ситни парчиња. За овој рецепт ние употребивме шунка и кулен од Пекабеско.
- Најодозгора го додаваме кашкавалот на коцки. Зачинуваме по вкус и декорираме со магдонос.
Повеќе рецепти означени со тестенини прочитајте тука
Повеќе вкусни рецепти во кои користевме Пекабеско производи тука
Пријатен медитерански ручек 🙂