Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт

Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт

Уште еден одличен рецепт со компири кој ни го испрати Марјан Велковски. Посно и превкусно, а еве кои состојки ви требаат и како да го зготвите.

Состојки и начин на готвење:

  1. 6-8 големи компири се мијат, лупат и сечат на крупни коцки.
  2. Кон нив се додаваат 3 главици кромид кои се крупно исечени.
  3. Се намрсуваат со масло за готвење.
  4. Зачинуваме со сол, црн бибер, кари и сусам.
  5. Ги редиме во длабоко тавче во кое додаваме 200 мл вода. Тавчето го покриваме со фолија.
  6. Се печат 30 минути на температура од 250 степени.
  7. Потоа, отстранете ја фолијата и печете дополнителни 20 минути додека компирите не заруменат.

За повеќе посни и вегетаријански рецепти тука

Замена за пржење: Репецт за подготовка на крцкави компири во тава тука

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Печен млад компир со лукче

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

singlepost_text