Брза штрудла со готови кори. Вкусот е неодолив и неповторлив, а добивате многу вкусен и здрав десерт за цело семејство.
Состојки:
- 1/2 кг кори за пита
- 1 кг јаболка
- 100 гр суво грозје
- презла
- шеќер
- цимет
- 1 ванилин шеќер
- масло за јадење
- шеќер во прав
Начин на готвење:
- Јаболката ги лупиме и рендаме. Го цедиме вишокот течност од јаболката
- Во јаболката додаваме шеќер по вкус (во зависност од тоа колку сакаме да биде блага штрудлата), како и сувото грозје, ванилиниот шеќер и цимет по вкус. Ја промешуваме смесата.
- Земаме една кора, ја попрскуваме со масло и врз неа ставаме друга кора.
- На втората кора нанесуваме од филот со јаболка и попрскуваме со една лажица презла. Корите ги мотаме во ролат.
- Постапката ја повторуваме се додека не ги потрошиме корите. Ролатите ги редиме во плех подмачкан со масло за јадење.
- Ги сечеме на парчиња. Печеме околу 30 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се олади посипуваме со шеќер во прав.
Повеќе рецепти за солени и благи пити тука
ВИДЕО рецепт за рози од јаболка тука
Готви со љубов и уживај во храната 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз
Брзо и посно: Печурки со сусам