Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Водата во која претходно сте вареле тестенини, наместо да ја фрлате, можете да ја искористите за многу намени.

Еве неколку корисни совети:

  1. Можете пред печење да ги попарите зеленчуците или гравот. Со ова ќе го подобрите нивното дејство и вкус.
  2. Замесете леб, тесто за пица или друго тесто.
  3. Одлична е ако подготвувате домашен сос во комбинација со други состојки, зеленчуци и слично. Пример, сос за тестенините и слично.
  4. Според некои, водата може да ја искористите и за масажа на вашата коса, по што таа нема да биде сува и оштетена. Секако, после масажата, потребно е да ја измиете косата 🙂
  5. Користете ја за опуштање на вашите нозе на начин што ќе ја истурите во леген во кој ќе ги покиснете нозете.
  6. Секако, оладената вода во која сте свариле тестенини можете да ја користите и за повремено полевање на цвекињата.

Повеќе корисни кулинарски совети и трикови прочитајте тука

Зошто да ја фрламе, кога водата можеме да искористиме, нели?

 

ФОТО: Андриана Николоска