Ако сакате да ги изненадите домашните или вашите гости, освен на вкус, направете и ручекот да изгледа перфектно. А, малиот трик се состои во тоа што ќе користите пиперки во различни бои 🙂
Состојки:
- 1 кромид
- 6 лажици ориз
- 750 гр јунешко или мешано мелено место
- 2 домати
- 10 пиперки за полнење
- магдонос
- масло за готвење
- зачини
Начин на готвење:
- Кромидот се сецка и се пропржува во таво на масло за готвење
- Го додаваме оризот, како и јунешкото мелено месо. Пржиме сè заедно 15 до 20 минути.
- Зачинуваме со сол и бибер по желба, а ги додаваме и ситно изренданите или смелени домати. Како алтепнатива можете да користите и пире од домати. Пред да биде зготвена, во смесата додаваме и магдонос по вкус.
- Во меѓувреме подготвуваме 10тина пиперки кои ги длабиме и чистиме од семките.
- Пиперките ги полниме со направената смеса од месо, а секоја пиперка ја затвораме со парчиња домат.
- Ги редиме во тава за печење. Додаваме малку вода и печеме околу 1 час на температура од 200 степени.
- СОВЕТ: За подобар вкус и изглед одозгора ставете цели ливчиња од магдонос.
Повеќе различни рецепти со мелено месо тука
Повеќе разноврсни рецепти во кои употребивме и пиперки тука
Повеќе кулинарски совети и трикови тука
Многу сочно и вкусно. На здравје!