Многу вкусни тестенини кои ви предлагаме да ги направите за вашиот ручек. Уживајте во оваа неодолива комбинација која ќе ја подготвите по рецепт на Сања.
Состојки:
- 300 гр тестенини
- 400 гр пилешко месо
- 50 гр кикиритки
- 100 гр неутрална павлака
- брокула
- 2 лажици кари
- сол
Начин на готвење:
- Тестенините ги ставаме да се варат во веќе зовриена вода помеѓу 10-15 минути.
- На загреано масло го пржиме пилешкото месо кое е претходни исецкано на коцки.
- Пред крајот, ги додаваме брокулата и кикиритки да се запржат заедно со пилешкото
- Павлаката за готвење и кари сосот ги ставаме на крај и сето тоа го мешаме заедно со тестенините. За овој рецепт употребивме крем за готвење на Полимарк.
Рецепт за јуфки трио формаџо тука
ВИДЕО: Брзи трикови за совршени тестенини
Рецепт за тестенини во песто сос тука
На здравје!