ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Еден од најбараните рецепти на интернет. Се прави за неколку минути и освен состојки за пица, ви треба само уште микро печка. Погледнете го видеото со 5 различни рецепти, а преведениот рецепт за оваа пица прочитајте го подолу:

Состојки:

  • 4 лажици брашно
  • сол
  • 1 прашак за пециво
  • 1 сода бикарбона
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица масло за готвење
  • 1 лажица сос од домати
  • неколку парчиња салама
  • оригано

Начин на готвење:

  1. Во голема шолја ставете го брашното, а  потоа додадете го прашакот за пециво и добро измешајте. Потоа додадете ги млекото и маслото за готвење и измешајте. Со ова тестото е готово.
  2. Намачкајте со сос од домати, а одозгора ставете кашкавал. Потоа наредете ја саламата (ние би употребиле чајна на Пекабеско) и сето тоа зачинете го со оригано или некој друг пица зачин.
  3. Филџанот со подговотвената пица ставете го во микро печка и печете неколку минути.

Повеќе ВИДЕО кулинарски совети и рецепти тука

Gotvi.mk – Готви со љубов 🙂

singlepost_text