Турска, грчка, ориентална, за нас највкусна е македонската традиционална мусака 🙂 Прочитајте го овој одличен рецепт на Сања, превкусно е. Еве што ви е потребно за да ја приготвите:
Состојки:
- 500 гр компири
- 400 гр мелено месо
- 500 гр свежи печурки
- 1 кромид
- зачини
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Компирите ги миеме, лупиме и сецкаме на ситни коцки и ги ставаме во тава за печење.
- На загреано масло ги пржиме претходно ситно исецканите печурки.
- Во друг сад ги пропржуваме прво иситнетиот кромид, па го додаваме меленото месо. Зачинуваме по вкус.
- Испрженото месо го додаваме во тавата со исецканите компири.
- Печеме околу 1час на температура од 200 степени
Рецепт за посна веге тава тука
Рецепт за мусака на ориентален начин тука
Рецепт за мусака со карфиол и мисиркино месо тука
СОВЕТ: Пред да ја извадите мусаката од рерна по желба може да ја прелиете со изматено јајце и кисело млеко.
Готви со љубов и уживај во храната 🙂