Свечена погача

Свечена погача

Ече ни испрати рецепт за свечена погача со сирење и маслинки. Превкусно е, а еве го рецептот за да си ја направите по дома 🙂

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 квасец
  • 220 мл вода
  • млеко (по потреба)
  • 1 јајце
  • 100 гр сирење
  • 150 гр маслинки
  • сусам

Начин на готвење:

  1. Замесете тесто од брашното, квасецот, водата, а може и млеко по вкус.
  2. Се остава да стаса околу 45 минути и повторно се меси.
  3. Поделете го тестото на пола. Од секоја половина се расукува кора и првата кора се става во кружно тавче.
  4. Се премачкува со јајце и иситнетото сирење, како и исчистените од семка и исецкани на крупно маслинки. Ече употребила црни маслинки.
  5. Врз првата кора се нанесува расуканата втора кора.
  6. На средина се поставува чаша не многу широка (најдобро е чаша за ракија или узо).
  7. Од чашата кон работ на тавата се сече тестото. Треба да дојдат како краци.
  8. Секој крак од кај чашата се врти, двапати, кон работ на тавата.
  9. Се остава да стаса и потоа се премачкува со жолчка и се попрскува со сусам.
  10. Печете ја погачата 30 до 45 минути на температура од 200 степени.

Рецепт за празнична погача тука

Рецепт за млечни кифлички тука

Рецепт за кифли на војводински начин тука

Рецепт за посни и брзи фурнарини тука

Рецепт за лепче а ла Ече тука

На здравје!