Овој одличен рецепт ни го испрати Матеа. Оригиналниот рецепт се прави со мелено месо, но доколку постите или се храните вегетаријански згответе ја на следниов начин:
Состојки:
- млад кромид
- црвен грав
- домати
- доматен сос
- свежи печурки
- ким
- оригано
- сол
- црн бибер
Начин на готвење:
- Во длабок сад на масло за готвење или малку вода издинстајте ги сецканиот на тркалца млад кромид, ситно сецканите свежи печурки и гравот.
- Потоа додадете ги и сецканите свежи домати. Сè заедно динстајте помеѓу 3 и 5 минути откако ќе се загрее садот на средна температура.
- Во истиот сад додадете го и доматниот сос и варете на средна температура околу 15 минути (откако ќе почне да врие.
- Кон средината додадете ги кимот, ориганото, солта и биберот. Не претерувајте со зачините 🙂
- Балансот на состојките направете го сами за да оваа чорба биде целосно по ваш вкус.
Повеќе посни рецепти прочитајте тука
На здравје!