Уживате во вкусот на топли фурнарини? Имаме рецепт за вас со кој ќе ги направите буквално за 1 минута. Еве што ви е потребно:
Состојки:
- готово тесто за пица
- маргарин или масло за готвење
- сол
- оригано
- други зачини по вкус
Начин на подготовка:
- Готовото тесто за пица оставете го да се одмрзне. Пред да го купите проверете дали е посно според составот.
- Исечете го на линии.
- Потоа премачкајте го од двете страни со маргарин или масло за готвење.
- Одозгора наросете ги зачините.
- Ставете го во сад за печење и печете по вкус во загреана рерна.
Едноставно, нели? Уживајте во вкусот на тазе и топли фурнарини 🙂
Доколку постите комбинирајте со туна или свежа салата. Неодолива комбинација зготвена со љубов <3
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици
ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута