Највкусен рецепт за сарма

Највкусен рецепт за сарма

Неодолива и вкусна – таква е сармата која се готви во нашата земја. Македонските домаќин(к)и имаат рецепти за сарма кои се чиста 10ка. Еве еден таков рецепт на Зорица:

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 500 гр говедско или мешано мелено месо
  • 1 шолја ориз,
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка црвен пипер,
  • 1 лажичка сол,
  • 1 лажича црн бибер

Начин на готвење:

  1. Кромидот се сецка ситно и се пропржува, по што се додава и месото.
  2. Откако ќе се соедини смесата се додаваат оризот и зачините.
  3. На лист од лоза/зелје/штавел се става од смесата и се мотаат сармите во големина по ваш избор.
  4. Се редат на тава на која на дното се поставени неколку листови за да се избегне загорување на сармата. Исто така, и најодозгора наредете само листови.
  5. Тенџерето со сармите се става да се вари на тивок оган 1-1,5 час додека се свари листот.

Неколку СОВЕТИ од Зорица за повкусни сарми:

По желба може да се додадат и неколку лажици доматно пире во тенџерето за време на варењето. Така сармите ќе се повкусни и посочни. Во тој случај не додавајте црвен пипер во филот со месото.

Поситно свитканите сарми според многумина се повкусни за јадење 🙂

Рецепт за сарма од кисела зелка тука

На здравје!