Јуфки со 3 вида сирење – нов специјалитет кој ни го праќа Јелица. Превкусно и неодоливо за сите кои не можат без тестенини 🙂
Состојки:
- 500 гр јуфки
- 200 гр кашкавал
- 200 гр урда
- 100 гр пармезан
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Ставете ги јуфките да се варат во солена вода додека да омекнат. Промешувајте почесто.
- Исцедете ги јуфките и ставете ги во тавче кое е претходно подмачкано со масло за готвење.
- Урдата измешајте ја со јуфките, а одозгора ставете средно сечени парчиња од кашкавалот.
- Се печат во рерна на 200 степени, се додека кашкавалот не се стопи и формира кора, а јуфките се запечат и малку поцрвенат.
- На крај додадете го и пармезанот.
Рецепт за пилешко со паста и песто сос тука
Готви со љубов и уживај во храната <3