Многу зеленчук и мешавина од вкусови. Одлично предјадење кое Gotvi.mk ви го препорачува за вашиот ручек или како лесна вечера.
Состојки:
- 2 модри домати
- 2 домати
- 2 парчиња млад кромид
- 3 чешниња лук
- 2 зелени благи пиперки
- сирење
- магдонос
- семки од тиква
- маслиново масло
Начин на готвење:
- Модриот домат се сече на половина. Се длабат двете парчиња и се ставаат во загреана рерна на 200 степени откако претходно се посолени и попрскани со маслиново масло. Печете ги додека да омекнат.
- Ситно се сецкаат пиперката, кромидот и лукот и сето тоа се меша за да добиеме фил за полнење.
- Се додава сол и бибер и се полнат модрите домати со овој фил.
- Откако ќе се наполнат се враќаат во рерната да се печат уште 10-тина минути.
- Во меѓувреме доматот се сецка на ситни коцки, се додава магдоносот се посолува.
- Доматот и магдоносот ги додаваме на модрите домати, ги враќаме во рерна и печеме додека да омекне црвениот домат.
- Откако ќе биде испечен, модриот домат го вадиме од рерна и го додаваме ренданото сирење и семки од тиква врз секое од парчињата.
Повеќе рецепти со зеленчук тука
На здравје 🙂