Макарони салата

Макарони салата

Супер закуска за кога ќе ви се најават гости. Лесно се подготвува, а е многу вкусно. Еве го рецептот на Бојана Атанасова:

Состојки:

  • 500 гр макарони (од најситните)
  • 300 гр шунка
  • 300 гр шампињони (од тегла)
  • 400 гр павлака
  • 250 гр мајонез
  • 100 гр кашкавал
  • сол

Начин на готвење:

  1. Најпрво сварете ги макароните според упатството на ќесичката. Исцедете ги и ставете ги во еден голем сад.
  2. Ситно исецкајте ги шунката и печурките и додадете ги во макароните.
  3. Додадете ги павлаката, мајонезот и посолете. Се убаво измешајте додека не се соединат состојките.
  4. Ставете ја салатата во сад за сервирање и одозгора додадете рендан кашкавал. Можете и да ја декорирате со магдонос, маслинки, или нешто друго по ваша желба.
  5. Салатата само по себе е убава и вкусна за јадење, но ви предлагаме да ја сервирате и како даска во комбинација со кулен, пршута, сирење, кашкавал или друго по желба.

Макарони салата 2

Повеќе рецепти со макарони тука

На здравје!

singlepost_text