Брз и едноставен рецепт за превкусни мафини кој ни го испраќа Ана. Пријатно јадење 🙂
Состојки:
- 1/2 голема шолја јачмен (како мусли)
- 1/2 голема шолја рж
- 1/2 голема шолја овесни снегулки
- 1/2 голема шолја пченични снегулки
- 1 шолја палента
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 прашок за пециво
- 2 лажички со 4 мелени семиња (семки, сончоглед, чиа и лен)
- 1 шолја кисело млеко
- 1/2 шолја масло за готвење
- 2 јајца
Начин на готвење:
- Сите состојки се ставаат во голем сад.
- Се меша додека да се добие компактна смеса.
- Смесата ставете ја во калапи за мафини, кои се претходно премачкани со масло за готвење.
- Се пече 10 до 15 минути на температура од 200 степени.
Повеќе рецепти за солени и благи мафини тука
На здравје!