Вкусен и свеж појадок – омлет со сирење

Вкусен и свеж појадок – омлет со сирење

Појадокот е еден од најважните оброци во денот, но истовремено и највкусниот миг од секое утро. Погледнете го овој рецепт за вкусен и свеж појадок кој ни го испрати Леа.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 грама сирење
  • свеж магдонос по вкус
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Сирењето иситнете го со вилушка или изрендајте го.
  2. Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба.
  3. На загреано масло во тава ги додаваме изматените јајца.
  4. Кога ќе се испржат од едната, ги вртиме да се испржат и од другата страна.
  5. Тогаш го додаваме сирењето и го преклопуваме омлетот.
  6. Кога омлетот е готов наросуваме и свеж магдонос по желба.
  7. Сервирајте со свежа салата од домати, пиперки, краставици и маслинка.

Навистина вкусен и свеж појадок кој ќе ве држи сите до ручекот.

Совет: Користете селски јајца доколку сакате да добиете сочен омлет со впечатлива жолта боја.

Рецепти за вкусни појадоци тука

Рецепт за Викенд кајгана со сланина тука

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

На здравје!