Вкусна зеленчукова ужинка

Вкусна зеленчукова ужинка

Салатата од зеленчук е одлична ужинка помеѓу ручек и вечера, вели Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club. Еве го нејзиниот предлог за вкусна зеленчукова ужинка.

Состојки:

  • 3-4 листови блитва (во зависност од големината)
  • 1 домат
  • 1 топче моцарела
  • ладно цедено маслиново масло
  • јаболков оцет
  • хималајска сол
  • црн бибер

Начин на готвење:

  1. Измијте ја блитвата убаво и исецкајте ја на парчиња.
  2. Доматот исечете го на парчиња или коцки.
  3. Моцарелата исечете ја на тркалца. Исто така, моцарелата можете да ги исечете на коцки.
  4. Зачинете по желба со хималајска сол и црн бибер.
  5. Додадете го маслинивото масло и оцетот според вашиот вкус.

Едноставно, а многу вкусно зарем не? 🙂

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com

singlepost_text