Неверојатно брзо се прави: Солен колач

Неверојатно брзо се прави: Солен колач

Леа вели дека овој солен колач или брза пита го приготвува околу 10 минути, а потоа го става директно да се пече. Изгледа и е навистина превкусен. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 2 шолји бело брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 4 јајца
  • 1 шолја кисело млеко
  • 2 шолји сирење
  • 50 гр шунка
  • 1/2 шолја масло за готвење
  • кисели краставички
  • маслинки
  • оригано
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Сирењето го дробиме со вилушка.
  2. Маслинките ситно ги сецкаме.
  3. Шунката, киселите краставички ги сецкаме на ситни коцки. Леа за овој рецепт употребила тост шунка на Пекабеско.
  4. Сите состојки заедно се мешаат во голем сад додека да се добие компактна смеса.
  5. Ставаме во сад за печење.
  6. Одозгора рамномерно посипуваме со сусам, сончоглед и ким.
  7. Се пече на околу 45 минути на температура од 200 степени.

Рецепт за Солени буцанки тука

Рецепт за Брзи солени мафини тука

Готви со љубов и уживајте во ова вкусно задоволство за целото семејство 🙂

singlepost_text