Вртената пита е специјалитет кој сите го обожаваат. Доволно е само да ја погледнеш фотографијата и колку и да си најаден ти се отвора апетит 🙂 Еве го Gotvi.mk рецептот:
Состојки:
- 500 гр брашно
- 2,5 дл вода
- 1 квасец
- малку сол
- фил: урда/зелка/праз/спанаќ
Начин на готвење:
- Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња.
- Од секое се сука кора и се премачкува со маргарин или маст.
- Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една.
- Секоја кора се попрскува со масло и се става урда/праз/зелка/спанаќ по желба и се витка во ролна.
- Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуват со масло.
- Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени.
На здравје!