Потпечена боранија

Потпечена боранија

Боранијата е многу вкусно и здраво јадење кое можете да го зготвите на различни начини. Сања ни праќа рецепт за потпечена боранија. Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 500 гр боранија
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • суви црвени пиперки
  • зачини
  • букова сол
  • магдонос
  • маслиново масло
  • брашно
  • црвен пипер

Начин на готвење:

  1. На загреано масло пропржете ги кромидот и изренданиот морков.
  2. Додадете ја боранијата која е исецкана на поситни парчиња. Oставете ја да се пржи неколку минути.
  3. Откако ќе завршите со пржење додадете вода и оставете ја да се вари околу 1час.
  4. Запржете ја со брашно и црвен пипер, зачинете ја, ставете ги сувите пиперки и магдоносот.
  5. Ставете ја во рерна да се запече околу 15 минути на температура од 200 степени.

Уживајте во храната зготвена со многу љубов <3

singlepost_text