Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

Подготвувате роденден за вашето дете или внуче? Еве еден превкусен и брз рецепт за да направите мини пици кои сите деца ќе ги обожаваат. Па, и возрасните гости 🙂

Состојки за подготовка на тесто за мини пица:

  • 500 гр брашно
  • 3 мали лажици сол
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 квасец или прашок за печиво
  • 1 шолја млеко
  • 200 мл вода
  • масло за готвење

Состојки за подготовка на пицата:

  • доматен сос
  • шунка
  • печеница
  • кашкавал
  • печурки
  • маслинки
  • маргарин или путер

Начин на готвење:

  1. Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма.
  2. Оставете го во сад да стаса околу 1 час.
  3. Формирајте мали кругови од целото тесто.
  4. На површината од секое тркалезно тесто нанесете доматен сос или кечап. Краевите по целата површина намачкајте ги со малку маргарин или путер.
  5. Изрендајте го кашкавалот, а шунката и печеницата нека ви бидат исечени на тенки ленти, а потоа и на половинки. Ставете ги врз подготвеното тесто.
  6. Исецкајте ги печурките и маслинките. Ставете ги одозгора.
  7. Печете според ваш вкус во загреана рерна. Не ги препекувајте, мини пиците нека бидат меки.

Совет: Комбинирајте – на дел од пиците ставете шунка, на дел печеница. Истото направете го и со маслинките и печурките.

Среќен роденден <3

За повеќе видеа со кулинарски трикови кликнете тукаhttps://gotvi.mk/category/tips-tricks/

singlepost_text