Да ја започнеме неделава со благо 🙂 Иако се здрави, имаат калории, затоа каснете само 1- 2 колачиња, колку да се заблажите, советува Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club
Состојки:
- 2 големи и меки банани
- 1 шолја овесни снегулки
- суво грозје
- брусница
- ленено семе
- сусам
Начин на подготовка::
- Бананите и овесните снегулки се блендираат.
- Се додава по вкус суво грозје, брусница, а може и ленено семе, сусам.
- Се печат на хартија 15 мин на температура од 180 степени.
На здравје!
*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com