К’тмерот (пита) е многу вкусен македонски деликатес кој по избор можете да го направите со спанаќ, зелка или праз… Уште еден превкусен специјалитет на Јелица! Еве го нејзиниот рецепт:
Состојки:
- 1 кг наменско брашно
- 600 мл вода
- 1 коцка квасец
- 1 супена лажица сол
- 1 мала лажичка шеќер
- маргарин
- рукола
- урда
- спанаќ
- ким
Начин на готвење:
- Од првите 5 состојки се меси тесто кои се дели на 6 топчиња.
- Секое топче се расукува на кори кои се премачкуваат со маргарин или свинска маст и сè се поклопува со друга кора.
- На овој начин добиваме три кори. Од секоја се прави голема кора, се става во плех кој е претходно намачкан со масло за готвење. Се пропрскува со масло.
- Откако ќе се стави втората кора се додаваат урдата и спанаќот и се покриваат со третата кора.
- На крај се премачкува со јајце и се додава ким.
- Се остава да нарасне околу 40 минути, се сече на парчиња и се става во претходно загреана фурна да се пече 35-40 минути на температура од 200 степени.
Кликни тука за рецепт за К’тмер со праз
Кликни тука за линк до рецепти за буденици
Готви со љубов и уживај во храната!