Едноставен и одличен ручек за крај на работната недела или викенд 🙂 Практикувајте 2 до 3 пати неделно да јадете било каква риба. советува Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club.
Состојки:
- 1 парче свежа пастрмка
- зелка
- марула салата
- маслинки
- зачини и додатоци по избор: рузмарин, лимон, хималајска сол, црн пипер, ладно цедено маслиново масло
Начин на готвење:
- Пастрмката ја чистиме или ја купуваме веќе исчистена. Ја засекуваме на кожата.
- Печеме во фолија или,пак, на фолија за печење.
- Пред да ја ставиме да се пече во или врз рибата додаваме малку маслиново масло, сок од лимон, сол, црн пипер и гранчиња рузмарин.
- Ја сервираме со свежа салата по избор.
Пријатен ручек!
*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com