„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет

„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет

Овој познат Американски специјалитет дома го приготви Бојана која имала гости и сакала да ги изненади. А, гостите биле големи љубители на италијански тестенини… 🙂

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 4 шолји млеко
  • 3 шолји рендан чедар кашкавал
  • 1/2 брашно
  • 50гр путер
  • 50гр пармезан

Начин на готвење:

  1. Путерот се става во тавче на тивок оган.
  2. Потоа го додаваме млекото, а постепено се додава и брашното. Се меша додека смесата да стане густа и рамномерна.
  3. Во меѓувреме се варат макароните и се ренда кашкавалот.
  4. Откако смесата ќе се соедини, се додаваат кашкавалот и пармезанот и повторно се меша додека не се растопат.
  5. Откако ќе се сварат макароните, се истура водата од нивниот сад и целиот сос од кашкавал се додава за да се измешаат и соединат заедно

Рецепт за тестенини во песто сос тука

Повеќе рецепти со тестенини прочитајте тука

Звучи и изгледа одлично. Да го зготвиме 🙂

singlepost_text