Колку готвачи, толку превкусни рецепти за домашно лепче 🙂 Денес, готвеме лепче по рецепт на Ече. Еве што ви е потребно.
Состојки:
- 500 гр бело брашно
- 200 гр р’жано брашно
- 200 гр пченкарно брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 30 гр квасец
- Околу 450 мл млака вода
Начин на готвење:
- Во садот ги ставаме состојките и замесуваме меко тесто.
- Секогаш имајте при рака бело брашно и вода, барем додека да се соедини тестото.
- Месиме се додека тестото не стане многу меко и не се лепи по нашите раце.
- Оставете го да стаса околу 45 минути.
- Печеме во загреана рерна според наш вкус.
Уживај во храната и готви со љубов!