Што мислите за ужинките? Ужинките се мостови меѓу оброците. Нема да бидеме прегладнети до ручек и ќе имаме добро расположение. Еве го денешниот предлог на Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club за едноставна ужинка за на работа што секој без изговори може да ја подготви 🙂
Состојки:
- свежи листови спанаќ
- топче моцарела
- 3 маслинки
- зачини и додатоци по вкус: јаболков оцет, ладно цедено маслиново масло, хималајска сол, црн пипер
Начин на подготовка:
- Го миеме спанаќот и го сецкаме по желба: крупно ил употребувамеи цели листови.
- Топчето моцарела го сецкаме и парчињата ги додаваме врз спанаќот.
- Ги ставаме маслинките.
- Зачинуваме по вкус.
- Го пакуваме во сад за носење и сме подготвени за на работа.
Пријатен работен ден! 🙂
*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com