Енергетска салата

Енергетска салата

Со добра замисла и идеја салатите може да бидат цел оброк или, пак, многу вкусна ужина која ќе го оттргне гладот до следниот главен оброк. Gotvi.mk ви ја препорачува оваа енергетска салата за 2 лица.

Состојки:

  • 2 варени јајца
  • зелена салата
  • млад кромид
  • 2 парчиња сланина
  • зачини по вкус

Начин на готвење:

  1. Јајцата ставете ги да се сварат по ваш вкус. Излупете ги и секое исечете го на четвртинки.
  2. Зелената салата убаво исчистете ја, измијте ја, а потоа исечете ја на ленти.
  3. Младиот кромид го чистиме и миеме и сецкаме на кругчиња.
  4. Парчињата сланина ги сецкаме на мали коцки и ги пропржуваме на масло за готвење. Ние употребивме сланина на Пекабеско.
  5. На крајот додадете масло за јадење, оцет, како и зачини по ваш вкус.

Повеќе рецепти за салати тука

За посни и вегетаријански јадења тука

Можете да украсите и наредите како на фотографијата или да ја употребите сопстевната креативност. На здравје!

singlepost_text