Отворена првата вегетаријанска месарница

Отворена првата вегетаријанска месарница

Оваа месарница е отворена минатиот месец во Минеаполис, САД, а сопственици се Кејл и Обри Волш. Братот и сестрата Волш велат дека оваа месарница е прва од ваков тип во САД. Нивните безмесни производи се направени од пченица која не содржи ГМО и која има многу сличен вкус и текстура на месо.

Планот на Кејл и Обри е да понудат широк спектар на безмесни стандардни деликатеси, како и веге варијанта на месо за скара и корејски ребра, колбаси, виршли, солено говедско месо и кременадли.

Во оваа месарница, и сирењето е направено на специфичен вегетаријански начин. Овие сирења и кашкавали се направени од кокосово масло и млеко од соја.

Оваа вегетаријанска месарница на почетокот беше само обичен штанд на фармата на Волшови, потоа прерасна и во он-лајн продавница, а сега со помош на успешната кампања на Кикстартер прерасна во голема месарница, прва од ваков тип.

„Намалувањето на консумацијата на животински производи, не само што ќе спаси милијарди животни од нехуман третман секоја година, туку ќе има и огромно позитивно влијание врз животната средина во време кога светот ќе мора да ги намали
емисиите на стаклени гасови за да се избегне катастрофална климатска промена. тргнуваме во акција бидејќи заедно можеме да го смениме светот за еден оброк секој час!“, објаснуваат Кејл и Обри.

Во текот на годината, сопствениците откриваат дека планираат проширување на нивниот бизнис преку отворање на повеќе вакви месарници, како и можност за достава во други градови и земји.

Повеќе инфо на нивната веб страна.

Оригинална фотографија