Од денес, пријателите на Gotvi.mk ќе можат секојдневно да прочитаат по еден вкусен рецепт кој ќе биде напишан и зготвен од страна на Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club.
За денес, Елена ни препорачува салата со пилешко на поинаков начин. Одлична салата за ручек бидејќи содржи доволно растителни влакна, протеини и јаглехидрати, а претставува балансиран ручек без прејадување 🙂
Состојки:
- 100 гр пилешки стек
- 100-200 гр вариво (грашок, пченка, морков, брокула)
- 2 топчиња органски интегрални фетучини
- марула
- лимон
- ладно цедено маслиново масло
- хималајска сол, црн бибер, босилок
Начин на готвење:
- Ги динстаме пилешкото и варивото.
- Фетучините ги вариме колку да омекнат, но не и да се распаѓаат.
- Ги оставаме фетучините да се изладат, а марулата и пилешкото ги сецкаме.
- Сецканата марула ја ставаме во сад за јадење или сервирање и одозгора ги ставаме изладените фетучините, сецканото пилешко и варивото.
- Зачинуваме по вкус. Тука е употребено лимон, ладно цедено маслиново масло, хималајска сол, црн бибер и босилок.
Пријатен ручек!
* За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, можете да ја контактирате на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com