Оваа превкусна салата е дел од менито на ресторанот Амор во Кочани. Оттаму, ни откриваат што ни треба за да ја подготвиме.
Состојки:
- 200 гр лигњи
- 1/2 марула
- 100 гр школки
Начин на подготовка:
- Во тава попрскајте маслиново масло и на среден оган испржете ги лигњите заедно со школките.
- Пржете околу 15 минути.
- Аранжирајте со марула или рукола, малку маслинки и лимон.
На здравје! Повеќе информации за ресторан Амор прочитајте на следниот ЛИНК.